Кошаркарската секција на Барселна потврди дека на клупата на овој тим по 14 години се вратил српскиот стратег Светислав Пешиќ.
Популарниот Кари со Барселона потпишал договор до крајот на сезоната, а доаѓа на местото на Сито Алонсо кој минатата недела доби отказ.
Пешиќ во Барселона работеше во периодот од 2002 до 2004 година кога на клубот му донсе една европска и две национални титули.
Од јули 2016 година и заминувањето од минхенски Баерн тој не работел во ниту еден клуб. Во кариерата бил тренер на Босна, Алба Берлин, Келн, Рома, Џирона, Динамо Москва, Црвена звезда и Валенсија.
Пешиќ бил селектор и на кошаркарските репрезентации на Германија и СР Југославија. Со Германија стана европски првак во 1993 година, а со СР Југославија ја осовои европската титула во 2001 година и светската во 2002 година.