Top Sport

Бартомеу: Ако ФИБА се реши за казни, ние ќе ги заштитиме играчите

Џорди Бартомеу, првиот човек на Евролигата, повторно зборувал за проширувањето и за несогласувањата со Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Тој потенцирал дека Евролигата ќе ги заштити играчите кои настапуваа во најквалитетното натпреварување.

Бартомеу е свесен дека доколку најдобрите играчи не настапат за своите репрезентации во квалификациите за Мундобаскетот ќе се претворат во пародија, ќе преставуваат ризик за националните Сојузи и разочарување за навивачите.

„Играчите имаат обврски кон клубовите кои мора да ги испочитуваат. Настапите кои од нив се очекуваат, квалификациите во ноември и февруари, можат да го зголемат ризикот од повреди, бидејќи тие ќе мора долго да патуваат. Се надеваме дека играчите кои нема да го прифатат повикот да играат за своите репрезентации, нема да бидат казнети. Доколку сепак тоа се случи ние ќе се жалиме на дискриминација на играчите. Ќе повторам, дека казните на ФИБА ќе можат да се однесуваат само на настапите на играчите во репрезентациите, можда и во националните првенства, но никогаш нема да влијаат на настапите во Евролигата. Ние ќе ги заштитиме своите кошаркари“, рекол Бартомеу.

Scroll to Top