Кошаркарите на Басконија ја победија на свој терен фаворизираната Барселонаа со 76-74 во рамки на 17 коло на Евролигата.
Басконија уште на стартот стигна до убава предност која на почетокот на втората четвртина стана двоцифрена. Домашните кошаркари во потполност го контролираа мечот, а гостите од Каталонија дури во последните минути успеаја да се доближат и да го донесат мечот во неизвесна завршница.
Неколку секунди пред крајот Баарса стигна и до израмнување, но следуваа нови 2 поени за Басконија кои го решија прашањето на победникот.
Најефикасен во победничката екипа беше Анри со 20 поени, а кај Каталонците се издвои Миротиќ со 17 поени.
Басконија моментно е на 12 позиција, а додека Барселона е трета. Пред неа се само екипите на Реал Мадрид и Анадолу Ефес.