Џими Батлер четврти пат во кариерата беше избран да учествува во Ол-стар натпреварот во НБА лигата, но за разлика од претходните три пати, крилниот играч на Минесота Тимбервулвс на 67. Ол-стар воопшто не влезе во игра.
Батлер стана првиот играч во историјата на овој престижен натпревар кој бил учесник, а не одиграл ниту една секунда. Тренерот на „Тимот на Стеф Кари“, Мајк Д’Антони, по мечот рекол дека Батлер бил преморен.
„Беше многу уморен и ми рече дека им ачувстот како нозете да не се негови“, рекол тренерот на Хјустон.
батлер за Минасота оваа сезона во просек игра по 37,3 минути, пооради што и самиот истакнал дека му бил потребен одмор.
„Морам малку да одморам. Сезоната со Минесота мие многу важна и сакам да бидам подготвен по ол-стар паузата“, рекол Батлер.
Во историскиот меч во Лос Анџелес „Тимот на леброн Џејмс“ го победи „Тимот на Стеф Кари“ со 148:145.
Инаку претходниот рекорд за најмалку минути минати на теренот на Ол-стар натпревар го држеше Кони Хокис. Тој во далечната 1971 година играч само 60 секунди. Истата година Џон Џонсон во игра бил две минути, додека малку минути на теренот минале и Коби Брајант во 2008 година (2:52 минути), односно Демаркуз Казинс во 2017 година (2:27 минути).