Францускиот кошаркар Никола Батум, експресно најде работа, откако пред неколку дена доби отказ во Шарлот Хорнетс.
Шарлот Хорнетс го отпуштија Батум за да отворат простор во „селери-кепот“ за договорот на Гордон Хејворд, вреден 120.000.000 евра.
Батум ќе потпише договор со Лос Анџелес Клиперс, објави новинарот на „Атлетик“, Шемс Чарнија.
Кошаркарот кој за две недели ќе наполни 32 години, минатата сезона одигра само 22 натпревари за Хорнетс. Во просек, по натпревар бележел 3,6 поени, 4,5 скока и 3 асистенции.
Батум во 2008 година бил избран од 25 место на драфтот. Првите седум години ги мина во Портланд, а потоа пет години бил играч на Шарлот.
Во кариерата одиграл 789 натпревари, има просек од 11,6 поени, 5,2 скока и 3,8 асистенции.