Top Sport

Бендер си ја спаси кариерата (Видео)

Хрватскиот кошаркар Драган Бендер изминатата ноќ го одигра најдобриот меч во кариерата.

Бендер кој доби отказ во Милвоки Бакс, неодамна потпиша десет дневен договор до Голден стејт Вориорс.

Тој синоќа беше најдобар играч во својот тим во убедливиот пораз од Лос Анџелес Клиперс 131:107.

Крилниот играч за 25 минути забележа 23 поени седум скока и три асистенции.

Веројатно со овој настап Бендер си обезбеди долгорочен договор со Вориорс.

Scroll to Top