Претседателот на Макаби од Тел Авив Шимон Мизрахи предупредил дека без без публика нема да биде возможно да се одигра наредната сезона. Мизрахи е претседател на „Гордоста на Израел“ од 1969 година, низ годините тој бил сведок на многу спортски и општевствени кризи.
„Јас и Макаби сме заедно од Јомкипурската војна. Минавме низ сите војни и секогаш настојувавме во тие кризи да ги играме натпреварите. Оваа криза направи штета што нема да може да се поправи и се уште не е готова. Најлошо е што никој не знае кога ќе заврши“, рекол Мизрахи.
Макаби, еден од најбогатите клубови во Евролигата, се соочува со големи финансиски проблеми.
„Барем седум од 12 групи кои ги поддржуваат локалните власти објавија дека нема да ми помагаат во буџетот. Оваа пандемија направи голема штета во економијата. Кој ќе го финансира враќањето на екипите? Становите, автомобилите, авионските билети? Каде ќе најдеме пари?“, се прашува првиот човек на макаби.
Според него проблемот ќе постои и во наредната сезона, не само во тековната.
„Доколку нема публика тогаш нема да има можност да играме наредната сезона. Играчите мора да тренираат најмалку три недели, во спротивно нема да можеме да ги заштитиме од повреди“, заклучил Мизрахи.