Top Sport

БИБЛ: Неизвесна завршница и пораз на Куманово во Тирана

Кошаркарите на Куманово во трилер натпревар се поразени ов Тирана од истоимениот домаќин 75:73, во рамките на четвртото коло во БИБЛ лигата.

По израмнетата прва четвртина која домаѓинот ја заврши со поен предност, во втората Кумановци одиграа лошо во одбраната и му дозволија на полувреме да има позитива од 11 кошеви (41:30).

Ништо во играа на македнскиот преставник не се смени ниту во третиот период, Тирана на предноста која ја имаше по првото полувреме додаде уште осум поени и со голема предност 56:37 влезе во последната четвртина.

Во решавачкиот период Кумановци започнаа да играат, трпеливо ја топеа предноста на домашниот тим и на 15 секунди до крајот израмнија на 73:73.

Сепак Тирана успеа во завршницата да изнуди фаул и од линијата за слободни фрлања Американецот Бесит реши победникот.

Хисенаголи со двоен ефект од 20 поени и 16 скока го предводеше домаќинот, додека кај Куманово најефикасен беше Караколев со 23 поени, 5 скока и 2 асистенции.

На овој натпревар на клупата на Куманово дебитираше новиот тренер Ацо Петровиќ.

Scroll to Top