Top Sport

БиХ подобра од Унгарија во првиот меч на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина стартуваше со победа на Евробаскетот, откако во Келн со 95:85 ја совлада Унгарија, која се покажа како упорен противник, но на крајот немаше поголеми проблеми за тимот на Адис Беќирагиќ.

Џанан Муса одлично отвори за БиХ за да направат предност од шест поени (23:17) по прват четвртина, предност која не успеаја да ја одржат до полувремето, на кое нгарија имаше 46:45 предност. Сепак, по израмнетата трета четвртина, во финишот на мечот тие направија поголема предност за сигурна победа.

Јусуф Нуркиќ и Муса имаа по 19 поени за БиХ, додека Роберсон уфрли 18, а за Унгарците, Бенке беше најефикасен со 20 поени.

Scroll to Top