Top Sport

Бисерка Петровиќ: Помислив дека Дражен е таму некаде

Мајката на непрежалениот Дражен Петровиќ, Бисерка вели дека е трогната од приемот кај Бруклин нетс, каде што беше дел од 15-те илјади гледачи кои му оддадоа почит на поранешниот кошаркар на тој тим пред мечот со Чикаго булс, победувајќи првпат по осум порази.

Бисерка Петровиќ заедно со нејзиниот внук Марко беше посебен гостин на НБА клубот, првпат откако тој се пресели од Њу Џерси во Њујорк. На полувремето на големиот екран се емитуваше видеото посветено на Дражен, а пред натпреварот 10 илјади фанови добија посебни фигури од кошаркарот.

„Беше сензационално и уште не дојдов при себе. Како да бев во сон. Целата сала беше тука за Дражен, и јас дури си помислив дека тој е тука, дека ќе дојде од некаде. Домаќините изработија посебна топка со ликот на Дражен која ни ја доделија“, вели Бисерка Петровиќ за „Вечерњи лист“.

Ноќ на Дражен Петровиќ во Бруклин (Видео)

Scroll to Top