Top Sport

Бизарна е причината зошто косовските власти не му дадоа виза на Драган Бајиќ

Кошаркарската репрезентација на Македонија, утре без селекторот Драган Бајиќ, ќе гостува во Грузија, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Селекторот е позитивен на коронавирусот, се наоѓа во изолација, нема никакви симптоми и можно е да ја предводи репрезентацијата во реваншот на 27.февруари.

Претходно, Бајиќ имаше непријатности со косовските власти кои не му одобрија виза. Српските медиуми пишуваат дека Бајиќ по грешка не добил виза за влез на Косово.

Косовските власти го замениле Бајиќ со криминалец со исто име и презиме. Постоел уште еден Драган Бајиќ, а тој е обвинет дека во Будимпешта со унгарска брачна двојка, ограбил и убил пет луѓе. Интерпол открил дека се работи за спрски криминалец кој избегал во Унгарија каде користел 16 лажни имиња.

Scroll to Top