Top Sport

Блокотехна го растури Шкупи

Кошаркарите на Блокотехна од Гевгелија убедливо го поразија Шкупи 115:83 (37:13, 16:29, 33:19, 29:22) во рамките на третото коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Блокотехна победата ја најави уште во првата четвртина кога создаде разлика од 24 поени, а иако Шкупи на полувреме успеа да ја намали разликата на 11 поени, триумфот на тимот од Гевгелија во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Блокотехна го задржа максималниот учинок по три одиграни натпревари, додека Шкупи се уште нема триумф во првенството.

Бенџамин со 28 и Мијатовиќ со 25 поени беа најефикасни кај Блокотехна, а Мелори забележа „дабл-дабл“ со 16 поени и 11 асистенции. Херис со 28 кошеви, 7 скока и 4 асистенции беше најдобриот играч на Шкупи.

Scroll to Top