Гевгелискиот хит во македонската кошарка, Блокотехна продолжи да испишува историја, откако се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија по убедливата 110:88 победа над АВ Охрид.
Тимот на Марјан Илиевски беа сконцентрирани на паркетот и брзи во креирањето на акциите благодарение на што предноста стана двоцифрена уште во првиот период.
„Наше е да излеземе на теренот и да дадеме максимум од себе. ме радува тоа што уште во првата четвртина успеавме да го добиеме натпреварот. Дојде до некое опуштање во нашите редови во последните две четвртини што е и сосема нормално. Нам ни останува концентрацијата кон утрешниот натпревар“, изјави тренерот Илиевски.
Блокотехна ќе се судри со подобриот од дуелот меѓу МЗТ Скопје и Фени Индустри.
Блокотехна – АВ Охрид 110-88 (35-17, 25-16, 29-34, 21-21)