Top Sport

Богдановиќ ги напушта „кралевите“, следна дестинација – Милвоки?

Добро информирани американски медиуми пишуваат за следната дестинација за српскиот кошаркар, Богдан Богдановиќ кој настапува за Сакраменто Кингс веќе 3 сезони. Тој есенва стана слободен играч и може да ги разгледува понудите од останатите НБА тимови.

Според пишувањата на „The Athletic”, Богдановиќ лесно би можело да ги засили редовите на Милвоки Бакс и да стане соиграч на двојниот МВП во НБА, Гркот Јанис Адетокумбо.

„Милвоки ова лето ќе бара опција на местото плејмејкер и шутер за да се засили екипата околу двојниот МВП Адетокумбо и ОЛ-стар играчот, Крис Мидлтон“ – се вели во објаснувањето.

Бакси летоска имаа разочарувачки настап во плеј-офот, беа стопирани од Мајами.

Со Богдановиќ во тимот, екипата на Мајк Баненхолцер добива уште една важна алка на надворешните позиции, покрај Ерик Бледс, Кајл Корвер, Весли Метјус и младиот Донти Дивинченца.

Scroll to Top