Top Sport

Богдановиќ им објасни на Американците: Јас сум Бојан, а тој е Богдан (Видео)

Едниот е Хрват, Бојан, другиот Србин, Бојан. Двајцата носат исто презиме, Богдановиќ играат во НБА лигата и се голем „проблем“ за американските коментатори.

Бојан е играч на Индијана Пејсерс, а Богдан на Сакраменто Кингс. Распоредот сакаше овие два тима да одиграат два натпревари во една недела.

По тој повод, Бојан Богдановиќ за „Фокс спортс“, се обиде да им ја реши дилемата на американските коментатори.

„Јас сум Бојан, а тој е Богдан. Знам дека делува збунувачки, но за нас разликата е очигледна. Тој не е Боугден, тој е Богдан“, им објаснил на Американците, Бојан Богдановиќ и започнал да се смее.

Покрај коментаторите, кои најчесто имаат проблем со нивните имиња и презимето, голем кикс НБА лигата направи на драфтот во 2014 година кога Богдан Богдановиќ беше одбран од Сакраменто Кингс.

Во моментот додека излегуваше на бината, на големиот екран одеше видео, на кое пишуваше Богдан Богдановиќ, Србија, но на сликата беше Бојан и тоа како поентира во дресот на Хрватска.

Scroll to Top