Top Sport

Богдановиќ, Јанг и Капела го наполнија кошот на Пејсерси

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ продолжува со одличните изданија во дресот на Атланта Хоукс. Предмалку Атланта со 129-117 славеше во дуелот со Индијана Пејсерс.

Богдановиќ уфрли 23 поени надополнети со 3 асистенции, 3 скока со солиден процент на шут од игра.

Одлични беа и Треј Јанг со 32 поени и 11 асистенции, како и Клинт Капела кој броеше до 25.

Кај Индијана се истакна Брогдон со 29 поени, а Сабонис имаше дабл-дабл учинок, со 18 поени и 15 скока.

Scroll to Top