Top Sport

Богдановиќ се прости од Картер: Уживај во пензијата! (фото)

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Богдан Богдановиќ со одбрани зборови се прости од легендарниот НБА кошаркар, Винс Картер кој после цели 22 сезони во најсилната кошаркарска лига одлучи да оди во пензија.

Поради пандемијата на коронавирусот и откажувањето на мечевите во НБА, на „летечкиот“ Винс нема да му биде направено испраѓање какво што дефинитивно заслужува.

Картер му беше ментор на Богдановиќ кога Србинот дојде во Сакраменто. Затоа и не изненадува простувањето кое тој го приреди на социјалните мрежи.

„Пола човек, пола неверојатност. Легендата која ја заменував на почетокот на мојата НБА кариера. Честитам на неверојатната кариера, уживај во пензијата“ напиша Богдан Богдановиќ на Инстаграм.

Scroll to Top