Top Sport

Богут на 34 години се враќа во НБА?

Австралиецот Ендру Богут е блиску до враќање во НБА по одлична сезона во неговата домашна НБЛ лига. Според локалните медиуми Голден Стејт вориорс и Филаделфија 76ерс се помеѓу „повеќето“ тимови заинтересирани за 34-годишниот Богут.

Како прв пик на драфтот во 2005 година, Богут одигра 13 сезони со пет НБА тимови од 2005 до 2018 со просек од 9.8 поени, 8.7 скока и 1.6 блокови по натпревар. Тој ја освои титулата со Голден Стејт во 2014/15.

Во 2017/18 Богут одигра 23 натпревари за Лос Анџелес лејкерс и имаше просек од 1.6 поени и 3.4 скока игра во само 9.4 минути по натпревар. По ова тој како слободен агент се врати во Австралија каде што играше за Сидни кингс во 2018/19 и беше прогласен за МВП и најдобар дефанзивен играч откако неговиот тим стигна до полуфиналето од плеј-офот.

Scroll to Top