Кошаркарите на Јута Џез славеа победа во дуелот со Оклахома сити Тандер 116:103. Натпреварот го обележа Бојан Богдановиќ со рекордни 35 поени во дресот на Јута.
Репрезентативецот на Хрватска, постигна 11 тројки од 18 обиди и погоди две слободни фрлања. Интересно не постигна ниту една двојка, што е единствено остварување во НБА лигата.
Богдановиќ е 14.играч во историјата на НБА, кој успеал да постигне најмалку 11 тројки на еден натпревар.
Рекордер е Клеј Томпсон со 14, зад него со по 13 се Стеф Кари и Зек Лавин.