Top Sport

Бојан подобар од Богдан, Индијана од Сакраменто (Видео)

Кошаркарите на Индијана Пејсерс во Калифорнија и теоретски го обезбедија свото место во плеј-офот. Пејсерс ги победија Сакраменто Кингс 106:103. Дуелот мина во знакот на играчите кои го носат презимето Богдановиќ, Хрватот Бојан од Индијана и Србинот Богдан од Сакраменто.

Индијана, во престолнината на Калифорнија, ја оправда фаворитската улога и си го обезбеид местото во плеј-офот. Пејсерс имаа пет поени предност по првото полувреме, а во последната четвртина, иако Сакраменто констатно притискаше не успеа да го изненади фаворитот. Виктор Оладипо во последниот период постигна 13 од своите 24 поени за Индијана.

Пејсерс ги предводеше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ со 25 поени со шут од поле 7/13 (2/6 за три, 9/9 слободни). На спротивната страна српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ постигна 21 поен со шут од игра 8/15 (4/9 тројки). а имаше и по три скока и асистенции и една украдена топка.

Индијана со оваа победа стигна до петтото место во Источната конференција (45 поебди, 31 пораз), додека Сакраменто на Западот е на 12.место со скор 24-52.

Scroll to Top