Top Sport

Бол имаше најмалку 40 години кога играше во НБА

Поранешниот тренер на Кливленд Стејт, Кевин Маки, рекол дека поранешниот кошаркар Мануте Бол, имал помеѓу 40 и 50 години кога играч во НБА лигата.

Суденацот висок 231 сантиметри играше 12 сезони во НБА лигата, а според зборовите на Индијан Пејсерс, кога играл во лигата имал повеќе од 40 години.

Токму Маки го донесе Бол во САД, а бидејќи Суданецот не знаел кога е роден тој му го напишал датумот на раѓање.

„Јас му го напишав датумот и годината на раѓање бидејќи тој не знаеше кога е роден. Вратите на НБА на секого му се отворени со 19 години, но и за секого се затворени на 35 години. Веројатно имаше некаде околу 40-50 години кога играше во НБА“, му кажал Маки на новинарот Адам Загори.

Бол два пати беше најдобриот блокер во лигата (1986 и 1989 година). Во текот на своите 12 сезони оствари просек од 2,6 поени, 4,2 скока и 3,3 блокади по натпревар.

Бол настапувал за Вашингтон, Голден Стејт, Филаделфија и Мајами.

Мануте Бол почина на 19.јуни 2010 година на 40-годишна возараст, меѓутоа според зборовите на Маки веројатно бил многу постар.

Scroll to Top