Потенцијалниот репрезентативец на Хрватска, Лука Божиќ, потпишал договор со кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица.
Овој 23 годишен кошаркар изминатите две години ги бранел боите на Задар. Минатата сезона во АБА-лигата, Божиќ имал просек од 13,9 поени, 7,2 скока и 3 асистенции по натпревар.
Божиќ е еден од најпреспективните хрватски играчи на својата позиција, со репрезентацијата до 18 години освоил сребро на светското првенство во Грција, а со селекцијата до 18 години освоил бронза на европското првенство во Турција.