Top Sport

Бредли платил да не се дознае дека силувал жена?

НБА ѕвездата Ејвери Бредли исплатил висока сума на една жена која го обвинувала дека ја силувал оваа година, објавува американскиот веб-сајт „ТМЗ“.

Бредли, кој сега игра за Детроит, минатата сезона настапуваше за Бостон селтик, со кои играше во финалето на Истокот против Кливленд, каде што се случил инцидентот. Според „ТМЗ“, сумата која ја барала жената стигнала до 400.000 долари, но конечната сума не е објавена.

Според адвокатот на Бредли, договорот надвор од суд е направен само за да се спречат лажните информации за кошаркарот.

Жената, која е опишана како поранешна ѕвезда на реално ТВ-шоу, тврди дека Бредли ја нападнал додека таа била пијана и во несвест во мај.

Scroll to Top