Кошаркарите на Хјустон на правија брејк во Оукленд, славеа против Голден Стејт 95:92, во четвртиот натпревар од финалата серија во Западната конференција и го израмнија резултатот на 2:2. Хјустон со овој триумф ја врати предноста на домашниот терен.
Голден Стејт одлично го отвори натпреварот, со 12:0 Вориорс влегоа во мечот и разликата ја одржуваа до крајот на првиот период.
Хјустон возврати во втората четвртина, Харден го раздвижи својот тим и го врати во мечот. Хјустон вториот период го доби со 18:34.
Голден Стејт, по традиција играат одлично во третиот период. Така беше и на овој натпревар. Стеф Кари влезе во шутерски ритам, постигна 17 поени (пет тројки), колку што реализира целиот тим на Хјустон. Домаќинот во решавачкиот период влезе со предност од 12 поени.
Stephen Curry’s 17 3rd quarter points matched the Rockets as a team pic.twitter.com/y4fkhqqKK9
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) May 23, 2018
Хјустон се врати во мечот со серија од девет поени и во тие моменто беше забележливо дека актуелните шампиони имаат големи проблеми во нападот. Играчите на Голден Стејт промашија неколку забивања и положувања, носеа лоши одлуки во нападот, а кога Городн погоди тројка за 89:94 на две и пол минути до крајот беше јасно дека Хјустон ќе направи брејк.
Џејмс Харден со 30 поени го предводеше Хјустон, три помалку постигна Крис Пол. Најефикасни во домашниот тим беа Стеф Кари и Кевин Дурент со 28, односно 27 поени.
Наредниот меч, петти во оваа серија, се игра во Хјустон в петок со почеток во 3 часот по средно-европско време.