Top Sport

Брејк на Кливленд во Торонто (Видео)

Кливленд Кавалирс направја брејк во Торонто, во првиот полу-финален меч во Источната конференција, во НБА лигата. Кавалирс, по едно продолжение, славеа против Репторс 113:112.

Торонто, во текот на целиот натпревар имаше предност, Кливленд прв пат израмни во мечот на 19 секунди до крајот. Во последниот напад играчите на Торонто не реализираа три удари за победа, а на спротивната страна Леброн Џејмс не успеа да погоди за Кливленд.

Кавалирс подобро го одиграа продолжението, иако Репторс на 16 секунди до истекот на времето се доближија на поен негатива.

Инаку, играчите на Торонто, во финишот на регуларниот дел од мечот и во првите три минути од продолжението промашија 15 од 16.удари кон кошот на противникот.

Кливленд до победата го предводеше Леброн Џејмс со нов трипл-дабл (26 поени, 11 скока, 13 асистенции), а го следеа Џеј-Ар Смит со 20 и Кајл Корвер со 19 поени.

Демар Дерозан беше најефикасен кај домаќинот со 22 поени, додека „дабл-дабл“ забележаа Јонас Вланчиунас (21 поен, 21 скок) и Кајл Лаури (18 поени, 10 асистенции).

Scroll to Top