Top Sport

Будуќност го потпишаа Лука Митровиќ

Лука Митровиќ потпиша договор со кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица. Челниците на црногорскиот првак го ангажираа поранешниот капитен на Црвена звезда по повредата на Алекса Илиќ.

Митровиќ кариерата ја започна во Хемофарм, во 2012 година се сели во Црвена зведа, а потоа играч во Бросе Бамберг, Мурсија и Манреса. Финишот од минатата сезона го мина во Хапоел од Ерусалим.

Во 2015 година бил избран на драфтот во НБА лигата, како 60 пик од Филалделфија ’76.

Будуќност од почетокот на сезоната има три победи во АБА лигата, додека во Европкупот има две победи и пораз.

 

Scroll to Top