Top Sport

Будуќност ја декласираше Звезда во АБА-дербито

Будуќност очигледно е „лек“ за Црвена звезда, откако го декласираше големиот ривал со 83:63 во дербито на 22. коло во регионалната АБА-лига.

Во „Морача“, Будуќност поведе со двоцифрена предност уште во првата четвртина, по што ја оддржа оваа разлика за да ја прекине серијата на Звезда од шест победи во сите натпреварувања.

Џастин Кобс беше најдобриот за Будуќност со 22 постигнати поени, Мелвин Еџим додаде 17, додека кај Звезда, Кори Волден беше најефикасниот со 17 поени. Будуќност и Звезда се израмнети со 17 победи и 3 порази во регионалното натпреварување, а ист број на победи имаат и Морнар и Игокеа.

Scroll to Top