Црвена Звезда доживеа домашен пораз од Будуќност со 75:79 во дербито на четвртото коло на АБА-лигата за веќе да нема непоразени тимови во регионалното натпреварување.
Во реприза од финишот на мечот против Жалгирис, Звезда имаше шанса да го реши мечот во неизвесната завршница, но Фелдин утна отворен кош, по што гостите ја потврдија победата.
Најефикасен кај Звезда беше Тејлор Рочести со 23 поени, додека македонскиот репрезентативец Перо Антиќ одигра 15 минути од мечот и постигна само три поени.