Бугарија по две продолженија успеа да стигнедо 110:104 победа над Летонија во најинтересниот и највозбудливиот меч од квалификациите за Евробаскетот 2021.
Летонците беа големи фаворити за победа во Ботевград, и водеа со 84:78 во финишот на натпреварот, но Бугарите успеаја да израмнат на 85:85 и да примораат продолжение, во кое беа посигурни. Чавдар Костов беше најефикасен со 20 поени, додека Станимир Маринов додаде 16, а Александар Јанев 14 поени.
Хрватска дојде на чекор до пласман, откако победи и во вториот меч од квалификациите, триумфирајќи со 69:59 на гости кај Холандија, нивни втор триумф по тој над Шведска. Ветеранот Роко Лени Укиќ уфрли 14 поени за Хрватите, а Матео Дрежњак имаше 13, додека за Холандија најефикасен беше Јаник Франке со 11 поени.
ЕВРОБАСКЕТ 2021, КВАЛИФИКАЦИИ
Бугарија – Летонија 110:104 (22:21, 14:16, 22:26, 27:22, 25:19)
Израел – Романија 87:63 (16:12, 27:26, 22:18, 22:7)
Данска – Белгија 72:88 (18:27, 21:28, 13:23, 20:10)
Литванија – Чешка 97:89 (19:20, 23:27, 20:20, 35:22)
Франција – Црна Гора 85:66 (18:12, 22:26, 20:16, 25:12)
Холандија – Хрватска 59:69 (21:18, 14:20, 16:9, 8:22)
Босна и Херцеговина – Грција 65:70 (16:17, 18:23, 9:19, 22:11)
Шведска – Турција 87:80 (18:20, 29:18, 20:17, 20:25)