Top Sport

Букер сам играше против Јута (Видео)

Финикс Санс го доживеаја 58 пораз во сезоната. Јута Џез ги победија Финикс 125:92. Она што го обележа мечот се 59 поени на Девин Букер. Бекот на Финикс постигна две третини од поените на својот тим.

Букер е 12 играш што успеал сезонава да ја префрли бројката од 50 поени на еден натпревар, што е апсолутен рекорд во НБА лигата.

Во финишот на мечот помалку комично, играчите на Јута правеа брз фаул, за да не му дозволат на Букер да ја префрли бројката од 60 поени.

Кај Јута се истакнаа Руди Гобер (27 поени, 10 скока), Рики Рубио (18 поени, 6 асистенции) и ДОнован Мичел (10 поени).

Scroll to Top