Top Sport

Булси го отпуштија генералниот менаџер Формен по 10 години

Чикаго булс потврдија дека го отпуштиле генералниот менаџер Гар Формен по 10 години на чело на клубот и 22 години со Булси, откако претходно објавија дека го ангажирале генералниот менаџер на Денвер нагетс, Артурас Карнисовас како извршен потпретседател за кошаркарски операции.

„Гар Форман работеше неуморно за Чикаго булс, прво како скаут, а потоа во извршна улога. Тој успеа да донесе многу таленти во тимот почнувајќи од Дерик Роуз, Јоаким Ноа и Таџ Гибсон, до Џими Батлер и Коби Вајт. Тој секогаш ќе биде член на нашето семејство“, изјави сопственикот на клубот, Џери Рајнсдорф.

Формен беше именуван за најдобар извршен директор во НБА во 2011 година, а во 10 години под негово водство, Булси седум пати играа во плејофот.

Scroll to Top