Top Sport

Бурно во Макаби, странците не сакаат да го напуштат Белград поради кратење на платите

Кошаркарите на Макаби Тел Авив синоќа беа поразени од Црвена Звезда во 16. коло од Евролигата во салата „Александар Николиќ“, но тоа не е најголемиот проблем што ги снајде Израелците.

Клубот соопшти дека сите странски кошаркари одбиле да се вратат во Израел на натпреварите од домашната лига додека не се стабилизира ситуацијата во оваа земја зафатена од војна.

Платите на играчите на Макаби претходно беа намалени за 15 отсто, со ветување дека оваа сума ќе биде вратена по завршувањето на кризата во Израел, но тие не добија гаранции, а епилогот е одбивањето на странците да се вратат во Тел Авив. и играат натпревари од домашното првенство.

Во врска со овој проблем, клубот соопшти дека натпреварите од израелското првенство  ќе се играат исклучиво со локални играчи.

Scroll to Top