Top Sport

Цедевита израмни против Будуќност (видео)

Цедевита го совлада Будуќност со 82:75 за да израмни на 1:1 во полуфиналниот меч од АБА-лигата, кој имаше увертира со „беснеењето“ на црногорските навивачи на улиците на Загреб. „Мајсторката“ ќе се игра во Подгорица на 31 март.

Гостите имаа меч-топка за пласман во финале по 84:83 домашната победа, но во Загреб немаа шанси и Цедевита имаше и 15 поени предност за да остане во игра за петто финале во регионалната лига (каде што имаат четири порази).

Кај хрватскиот шампион најдобар беше Николс со 25 коша, додека Кајл Гибсон имаше 20 поени за Будуќност. Второто полуфинале од АБА-лигата се игра меѓу Морнар од Бар и Црвена звезда, која има 1:0 водство.

Пред мечот, полицијата во Загреб уапси десетина навивачи на Будуќност поради „дивеење“ на плоштадот „Бан Јелачиќ“.


Scroll to Top