Top Sport

Центарот Атар е нов играч на МЗТ

Поранешниот кадетски, јуниорски и младински репрезентативец на Турција, Рагип Берке Атар (20 год, 210 см) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром. Кошаркарот со македонскиот шампион потпишал договор до крајот на оваа сезона.

Атар во МЗТ пристигна од редовите на Банвит. Во сино-белиот дрес Атар би требало да дебитира в четврток против словенечки Хелиос (19 часот).

Новиот член на МЗТ зад себе има настапи на три Европски и на едно Светско првенство во дресот на Турција.

За одбележување е неговиот учинок на СП за играчи до 17 години во 2016 година, на кое имаше просек од 11,4 поени и 8,7 скока, како и на јуниорското ЕП истата година кога просечно реализираше 14,4 поени и осум скока.

Најдобар репрезентативен настап имаше на континенталниот собир за играчи до 18 години во 2017 година, со просек од 16,4 поени и 7,9 скока.

фото/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top