Top Sport

Центарот на ЦСКА исплашен од Ковид 19: Одвај чекам да излезам!

Кошаркарскиот репрезентативец на Србија, играчот на ЦСКА Москва Никола Милутинов раскажува за периодот во изолација откако беше заразен со коронавирусот. Освен него, уште двајца кошаркари на клубот се позитивни на вирусот.

„Немав симптоми и кога го добив позитивниот наод, но бев прилично исплашен. Психички бев лошо. Медицинскиот тим од клубот цело време беше со мене. Затворен сум дома и одвај чекам да излезам надвор“ – вели Милутинов кој се уште нема дебитирано за неговиот нов клуб во кариерата.

„Имаме тешки мечеви на почетокот на сезоната, а јас не можам да помогнам. Верувам дека за неколку дена ќе бидам подготвен да се вратам. Позитивно во целата ситуација е што по враќањето на терен ќе имам поголеми шанси да останам здрав во клучниот дел од сезоната“ рече Милутинов.

Scroll to Top