Top Sport

Центарот на Мајами се здебелил, отстранет е од екипата

Крилниот центар на Мајами Хит, 32-годишниот Џејмс Џонсон е отстранет од екипата која во понеделникот ги започна подготовките за новата сезона.

Од клубот наведоа дека Џонсон ќе го пропушти почетокот на тренинг кампот затоа што не ги исполнил критериумите поврзани со физичката подготовка.

Инсистирањето на Мајами играчите да бидат во најдобра кондиција на почетокот на подготовките датира уште од деведесетите години од минатиот век кога Пет Рајли стана прв тренер. Во тоа време, во негова немилост беше тогашниот Ол-стар плејмејкер, Тим Хардавеј, познат по тоа што често имаше вишок килограми.

Џонсон кој е сопственик на црн појас во карате, екс-кик боксер и ММА борец треба да ја игра третата сезона за „жешките“. Тој има потпишано четиригодишен договор вреден 60 милиони евра.

Scroll to Top