Top Sport

Центарот Радуловиќ „слета“ во МЗТ

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром во понеделникот го официјализираа договорот со српскиот кошаркар кој има и словенечки пасош, Бојан Радуловиќ. Центарот Радуловиќ има 27 години, висок е 211 сантиметри.

Радуловиќ има искуство од најсилната АБА-лига, како играч на Металац од Ваљево и Олимпија. Тој во Аеродром доаѓа од словенечкиот прволигаш Тајфун од Шентјур, каде што на седум средби сезонава имаше просек од 9,4 поени и 6,9 скока.

27 годишникот кариерата ја почнал во тимот на Спартак од родната Суботица, по што има играно за Електра Шоштањ, Олимпија во два наврати по три сезони, Хелиос, Шкофја Лока и Копер Приморска. Лани, со „змајчеки“ од Љубљана беше шампион на Словенија.

Scroll to Top