Top Sport

Чилдерс: Уште добивам заканувачки пораки од навивачи на Партизан

Поранешниот кошаркар на Олимпијакос, Џош Чилдерс, ги вратил сеќавањата на натпреварите што во минатото, со грчкиот клуб ги играл против Партизан, во Евролигата. Атмосферата во двораната „Пионир (сега Александар Николиќ)“, ја опишал како незаборавна.

Американецот, за Олимпијакос настапуваше во периодот од 2008 до 2010 година.

„Никогаш нема да ги заборавам тие гостувања во Белград. Изведуваш слободни фрлања, а тие фрлаат парички, конфети…и се тоа додека в око ти свети ласер“, напишал Чилдерс на „Инстаграм“.

На коментарите дека тоа наликувало на војна, а не на натпревар во Евролигата, некогаш шестиот пик на НБА драфтот одговорил.

„Да, тоа е точно. Подоцна го победивме Партизан во Евролигата. И понатаму добивам навредливи и заканувачки пораки“.

За потсетување, Олимпијакос го победи Партизан во полу-финалето на завршниот турнир во Евролигата. Актер на тој меч, што го реши Чилдерс, беше и Американецот со македонски пасош, Лестер Бо Мекејлеб.

Чилдерс на натпреварот, асистенцијата на Милош Теодосиќ ја претвори во поени, со кои Олимпијакос избори продолжение, а подоцна и пласман во финалето.

Scroll to Top