Top Sport

Цибона ја збриша Цедевита и по пауза од 6 години стана шампион на Хрватска

Кошаркарите на Цибона се нови шампиони на Хрватска откако во четвртиот меч од финалната серија по четвртипат го совладаа досегашниот шампион, тимот на Цедевита со 100-98.

„Волците“ на тој начин ја прекинаа доминацијата на Цедевита која траеше цели 5 сезони.

Цедевита на синоќешниот меч против Цибона имаше и +17, но гостите со сјаен пресвр успеаја да слават победа и да ја обезбедат титулата.

Кошот на одлука на 2 секунди пред крајот го постигна Доминик Гилберт.

Фран Пилепиќ беше најефикасен кај „цибоси“ со 22 поени, а искусниот Дамир Маркота додаде 14 поени.

Кај Цедевита најпрецизен беше Филип Крушлин со 19 поени.

Scroll to Top