Top Sport

Цибона спогодбено раскина со Суботиќ

Тренерот на Цибона Слободан Суботиќ во саботата спогодбено го раскина договорот со Цибона.

Разделбата на Словенецот со Цибона доаѓа како резултат на вербалната расправија со центарот Лука Жориќ и поразите од Задар во АБА лигата и сензационалниот од Хермес Аналитика во хрватското првенство.

Суботиќ е првиот тренер во АБА лигата кој остана без работа.

Цибона има скор 3/1 во домашниот шампионат и 3/5 во АБА лигата.

Scroll to Top