Top Sport

Цирбес замина од Црвена ѕвезда

Германскиот центар Маик Цирбес повеќе не е играч на Црвена ѕвезда. Неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ, објави дека Цирбес кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Цирбес не ги исполни очекувањата во АБА лигата и Еврокупот, поради што клубот не го пријави за настапите во српското првенство. Во Србија важи правилото дека во првенството можат да играат најмногу четворица странски кошаркари.

Покрај Цирбес, Црвена ѕвезда не ги пријави ниту повредените Џо Регленд и Стратос Перпероглу.

Германецот со просек од 7,4 поени и 3,8 скока го заврши својот втор мандат во Црвена ѕвезда.

Гуангсји Веиџуанг, екипа што се натпреварува во Националната кошаркарска лига на Кина е новиот тим на Цирбес.

Покрај двата ангажмани што ги имаше во „црвено-белиот“ дрес, Цирбес во кариерата играл за Бамберг, Макаби Тел Авив и Баерн Минхен.

Scroll to Top