Top Sport

Црногорците одлични против „триколорите“, но сепак поразени

Во рамки на подготовките за Светското кошаркарко првенство што за две недели започнува во Кина, селекциите на Црна Гора и на Франција ги одмерија силите во Лион. Французите излегоа како победници, со резултат 80-72 иако Црногорците водеа во поголемиот дел од мечот.

На почетокот на последната четвртина, резултатот на семафорот беше 59-51 за Црна Гора.

Сепак, фаворитот заигра одлично кога беше најпотребно и успеа за 10 минути да направи разлика од 16 поени.

Најефикасен во победничката екипа беше Батум со 18 и Фурние со 17 поени.

Кај Црна Гора се истакнаа Вучевиќ и Дубљевиќ со по 12 поени.

Селекцијата на Црна Гора денеска игра подготвителен меч против Аргентина која вчера доживеа пораз од Бразил со 89-82.

Scroll to Top