Бојан Дубљевиќ и во наредните три сезони ќе го носи дресот на Валенсија. Наскоро двете страни ќе го официјализираат договорот кој ќе важи до 2023 година. Извесно е дека Црногорецот кариерата ќе ја заврши во Валенсија.
Дубљевиќ е играч на Валенсија од 2012 година. Со клубот има освоено две титули во Еврокупот и една во првенството на Шпанија.
Поранешниот играч на Будуќност е заштитен знак на Валенсија и најдобар играч. Сезонава во Евролигата има просек од 14,5 поени и 7,2 поени по натпревар.