Top Sport

Црногорецот Симоновиќ потпиша договор на кариерата – станува „бик“

Црногорскиот кошаркар Марко Симонвиќ, доскорешниот играч на Мега и официјално потпиша тригодишен договор со НБА тимот Чикаго Булс вреден 4,3 милиони долари.

Симоновиќ беше избран на минатогодишниот драфт како 44. пик.

Ова лето тој има солидна минутажа во дресот на „биковите“ во НБА летната лига и двоцифрен учинок на секој од петте одиграни мечеви.

Минатата сезона Симоновиќ во АБА лигата просечно имаше по 15,8 поени и 9 скока на меч.

Кошаркарот има 21 година, висок е 211 сантиметри, а најдобро се знаоѓа на позиција „крилен центар“.

Сениорската кариера ја започна во тимот на Сиена, а играше и за Олимпија, Росето, Цедевита пред да дојде во Мега.

Scroll to Top