Кошаркарите на Црвена ѕвезда и по 15.коло го задржаа максималниот ефект во АБА-лигата. „Црвено-белите“, во драматичен меч во Лакташи, ја совладаа Игокеа со 79:77.
Без тројца стандарни играчи (Цирбес, Берон, Лазиќ) Црвена ѕвезда успеа да слави победа и покрај тоа што играчите на Игокеа имаа 21 ско во нападот и два шута за победа во последните пет секунди.
Американецот Џор Регленд, во последниот период ја презеде одговорноста и го предводеше белградскиот тим до победата. Регланд натпреварoт го заврши со 18 поени и седум асистенции. Двоцифрени кај победникот беа уште и Мајкл Оџо и Дејан Давидовац со по 11 поени.
Најефикасен кај Игокеа беа Данило Анѓушиќ со 15 поени.