Тренерот на кошаркарите на Црвена звезда, Душан Алимпијевиќ, изјавил дека за утрешниот натпревар од АБА лигата во тимот ќе го нема македонскиот интернационалец Перо Антиќ.
„Црвено-белиот“ тим попладнево се врати во Белград од Малага, ќеде во петокот играше натпревар во Евролигата, а утре од 17 часот во регионалната лига ќе игра против ФМП:
Црвена звезда против Уникаха играше без Перо Антиќ кој поради полесна повереда остана во Белград.
„Не очекува дуел со добра екипа, која е млада и талентирана. Ќе треба да вложиме многу труд за да го добиеме овој натпревар. Во дуелот ќе влеземе без тренинг, со оглед на тоа дека распоредот е многу густ. Нема да можам да сметам на Перо Антиќ, а за настапот на уште неколкумина, кои имаат полесни повреди, ќе решам пред мечот“, рекол Алимпијевиќ.
Инаку, Антиќ има проблеми со повредата на листот на десната нога, поради што покрај дуелот со Уникаха го пропушти и претходниот меч во Евролигата против Бамберг.