Top Sport

Црвена звезда го декласира Ефес

Кошаркарите на Црвена звезда го декласираа Анадолу Ефес 100:81 (29:23, 21:21, 24:18, 26:19) во 11.коло, во Евролигата.

Регионалниот шампион со победата на Ефес ја комплетира совршената недела која ја започна со победата над Реал во Мадрид и Игокеа во АБА лигата.

Играчите на Црвена звезда од почетокот воспоставија контрола врз натпреварот, одлично шутираа ( до 17 минута уфрлија седум тројки од 10 обиди), а иако Ефес во втората четвртина ја намали двоцифрената негатива на само пет поени, Звезда во второто полувреме го декласира противникот.

Перо Антиќ во победата учествуваше со 5 поени, 3 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки за 13 кинути игра.

Црвена звезда ја предводеше Џејмс Фелдин со 29 поени, 4 украдени топки и по еден скок и асистенција.

Во редовите на Ефес најдобар беше екс играчот на Црвена звезда, Владимир Штимац со 12 поени и 8 скока.

Scroll to Top