Top Sport

Црвена звезда „потопена“ во Атина (Видео)

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва во рамките на осмото коло во Евролигата ќе му гостуваат на Олимпијакос.

Перо Антиќ и соиграчите по доаѓањето во Атина се соочија на неочекувани проблеми. „Црвено-белите“ по враќањето од тренингот ги дочекаа поплавени улици. Грчката престолнина веќе три дена го има овој проблем.

Натпреварот Олимпијакос-Црвена звезда вечерва почнува во 20 часот.

По седум натпревари Олимпијакос има пет победи и два порази, додека Црвена звезда е во серија од три порази и има скор две победи и пет порази.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ ќе игра против својот поранешен клуб со кого освои две титули европски првак.

Scroll to Top