Партизан имаше одлични три четвртини, но не успеа да ја совлада Црвена звезда во вториот меч од полуфиналето на српската Суперлига, по што „црвено-црните“ ќе играат во финалето.
Со победата од 81:73, обезбедена во клучната последна четвртина, клубот на Перо Антиќ веќе е во финалето и сега го чека подобриот од дуелот ФМП-Борац Чачак за титулата.
Партизан водеше и со +9 во последната четвртина, пред на сцена да стапат Јанковиќ (16) и Рочести (23) за импресивна победа. Кај Партизан најефикасен беше Гос со 20 поени.
Перо Антиќ на теренот помина нешто повеќе од 22 минути и стигна до 3 поени, 5 асистенции и еден скок.