Кошаркарите на Црвена звезда претрпеа тежок пораз од ЦСКА Москва 59:85 (10:22, 17:22, 7:21, 25:20) во рамките на седмото коло во Евролигата.
Црвена звездаго одигра најлошиот меч во досегашниот тек од сезоната. Иако ја добија последната четвртина, тие во ниту еден момент не успеаја да им парираат на гостите од Москва.
ЦСКА импресионираше со играта во одбрана, во првите три четвртини на Црвена звезда и дозволи да постигне само 34 поени. Во еден момент во третиот период ЦСКА имаше предност од 33 поени.
Перо Антиќ, по пауза од два меча се врати во составот на белградскиот тим, на теренот мина 21 минута и забележа 9 поени, 5 скока. Македонскиот интернационалец имаше лоша шутерска вечер погоди два од седумте обиди (една двојка и една тројка), а погоди четири од петте слободни фрлања.
Тејлор Рочести ја предводеше Црвена звезда со 15 поени и 5 асистенции, додека Џејмс Фелдин забележа 12 поени и по 3 скока и асистенции.
Кај ЦСКА се истакнаа Нандо Де Коло со 16 поени, Кајл Хајнс со 13 поени и 7 скока, односно Серхио Родригез со 11 поени и 9 асистенции.